Во Штип одбележани 65 години од македонското правосудство  
     
 

31.03.2010

 
 

 (МИА) - Во Апелациониот суд во Штип денеска во присуство на министерот за првда Михајло Маневски се одбележа Денот на правосудството.

Во своето обраќање пред судиите од штипското Апелационо подрачје и учениците од гимназијата „Славчо Стојменски“, Маневски истакна дека заедничките напори на сите вработени во правосуството придонеле за првпат да се добие позитивна оценка во Извештајот на Европската комија за 2009-та година.

- Со реформските капацитети кои ги преземаме јакнат капацитетите на правосуството, се забрзуваат судските постапки, се зголемува квалитетот на судските одлуки, а со воведувањето на современта технологија се зголемува транспаретноста на работата на судовите, а со тоа и довербата на граѓаните во судството, а од година во година се воспоставува систем на финансирање на судовите, кои постојано се подобрува, вели Маневски.

Тој додаде дека се подобруваат условите за работа на судовите во девет судови, а во моментов се реновираат судовите во Битола и Гостивар.

- Наскоро очекуваме да започне изградбата на новиот Кривичен суд во Скопје со површина од 8.200 метри квадратни. Никогаш како досега не се вложени толку многу средства за обезбедување на работата на судовите, рече Маневски.

Министерот додаде дека се заокружува и правната рамка со подготување на голем број закони во областа на правосудството, од кои 100 се усвоени од Собранието на Република Македонија, шест закони се наоѓаат на второ и прво читање во Собранието, а се подготвуваат 84 подзаконски акти и околу 500 информации, извештаи и анализи.

По повод Денот на правосудството, Маневски ги презентираше и статистичките податоци на намалениот број на предмети но и брзото решавање од страна на судиите.

- Бројот на нерешени предмети во сите судови на крајот од 2006 година во споредба со истиот период од 2009 е намален за 184.608 предмети или е намалено за 22 отсто, вели Маневски.

Тој го потенцираше и воведувањето на „е судство“, како и воведувањето на интернетот во правосудните органи кои допринесуваат за транспарентност на судската власт.

По повод одбележувањето на 65 години од македонското правосудство, претседателот на Апелацискиот суд, Стојанче Рибарев ги промовираше новиот билтен и информатор.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk