Средба министер Маневски со директорот на Школата за обука на судии и јавни обвинители на Република Албанија проф. д-р Маријана Семини-Тутулани  
     
 

07.04.2010

 
 

 Денес,  министерот за правда Михајло Маневски оствари средба со директорот на Школата за обука на судии и јавни обвинители на Република Албанија проф. д-р Маријана Семини-Тутулани, која е во посета на Република Македонија на покана на директорот на Академијата за обука на судии и јавни обвинители судија Анета Арнаудовска.

На средбата г-ѓа Семини-Тутулани го информираше министерот Маневски за статусот кој го ужива Школата за обука на судии и јавни обвинители во Република Албанија, нејзината структура на организација, за системот на прием на кандидати, нивна едукација и нивно именување за судии и јавни обвинители, како и за позитивните искуства од вклучувањето во правосудството на новите генерации  судии и јавни обвинители кои поминале обука во Школата.

Министерот Маневски истакна дека вакви средби, со цел размена на искуства, се особено корисни, особено сега, кога се работи на новиот Закон за Академија за обука на судии и јавни обвинители, земајќи ги предвид компаративните искуства на земјите од регионот и од Европа.

Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и Школата за обука на судии и јавни обвинители на Република Албанија се млади институции во двете републики и тие се соочуваат со слични дилеми, се согласија министер Маневски и г-ѓа Семини-Тутулани,  поздравувајќи го воспоставувањето контакти како можност за проверка на некои решенија во врска со изборот, едукацијата и именувањето на судиите и јавните обвинители.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk