Средба Маневски - претставници на Фондација Конрад Аденауер - Берлин  
     
 

13.04.2010

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски  денеска оствари средба со д-р Јан Воишник, координатор за Владеење на правото и шеф на Одделот за Југоисточна Европа од Канцеларијата на Конрад Аденауер Фондацијата во Берлин и г-дин Анри Боне, официјален претставник на Конрад Аденауер Фондацијата во Скопје.

Целта на  посетата на претставници на  Фондацијата Конрад Аденауер  на Република Македонија  беше  поблиско  запознавање со прогресот на евроинтеграцијата на  Република Македонија, како и  оценување на   ефективноста на работата на канцеларијата на Фондацијата во Република Македонија на полето на соработка со институциите, 10 години по нејзиното отворање.

Од страна на претставниците на  Фондацијата Конрад Аденауер, беше претставен начинот на функционирање на фондацијата, областите кои тие ги покриваат со експертска помош, како  што е сегментот на  уставното  право, областа на основните човекови права, казнено процесно право и административно право.

Воедно министерот Маневски беше запознат  со  целите на Фондацијата, преку политичка едукација да дава поддршка на демократијата во земјите во кои има основано канцеларии.

Министерот  Маневски ги запозна претставниците на Конрад Аденауер Фондацијата со активностите на Министерството во насока на реформата на правосудството, како и за можноста за соработка во врска со  потребите кои произлегуваат од имплементацијата на стратегиите за реформа на правосудниот систем, за реформа на казненото право и стратегијата за информатичко комуникациска технологија во правосудството.

Претставниците на Конрад Аденауер Фондацијата изразија интерес за соработка во областа на остварување на човековите слободи и права, како и за соработка во насока на спроведување на Акцискиот план за имплементација на новиот Закон за кривичната постапка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk