Прес – конференција на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво  
     
 

14.04.2010

 
 

          Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво  денеска одржа прес конференција на која беше претставена  Годишната програма и Акциониот план за нејзино остварување.

          На прес конференцијата претседателот на Советот проф. д-р Владимир Ортаковски ги запозна новинарите со  надлежностите, улогата и досегашните активности на Државниот совет.

           Проф. Ортаковски истакна дека Советот е самостоен и независен во вршењето на работите определени со Законот за малолетничка правда и ги има и следните надлежности:

           - покренува иницијативи за пошироко запознавање на граѓаните со правата на малолетниците и расправи за здраво семејство, за заштита на малолетниците од наркоманија, алкохолизам и други болести на зависност, за проблемите на образованието и воспитувањето, за односот на средствата за јавно информирање и за другите фактори кои влијаат врз спречувањето на малолетничкото престапништво;

           - иницира истражувања и студии за проблемите на малолетничкото престапништво;

           - соработува со меѓународни организации и тела, ангажирани во заштитата на правата на детето и спречувањето на малолетничкото престапништво;

           - подготвува годишни извештаи за својата работа и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво што ги доставува до Собранието и Владата на Република Македонија.

           Членот на Советот Миле Гиновски информираше за донесената Програма за работа за следниот петгодишен период и Акционен план за работа во 2010 година.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk