Јавна расправа за Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка и за Законот за вештаци  
     
 

16.04.2010

 
 

             Во организација на Министерството за правда и УСАИД - ,,Проектот за имплементација на судските проекти,, денеска во Врховниот суд на Република Македонија  се одржа Јавна расправа  за Законот за изменување и дополнување на Законот за  парнична постапка и  за Законот за вештаци.

            На расправата, пред присутните се обрати министерот за правда Михајло Маневски кој го потенцираше значењето на овие  законски  измени кои се во функција на поголема ефикасност на судските постапки.

            Со измените рече министерот Маневски  се внесуваат нови  решенија кои се однесуваат на подготвителните рочишта, на преземањето на истражните дејствија, се вградува медијацијата, потоа се напушта системот на диктирање на записниците, се воведува  електронска достава преку електронско сандаче и се осовременува работата на судските органи.

            Парничната постапка  рече Маневски не може да се води со години. Во таа насока се и  приговорите на Европскиот суд за човекови права  кои се однесуваат на судење во разумен рок.

            Со Законот за вештаци  се става ред во оваа област, рече Маневски.

Се воведува испит за вештаци ,лиценци, вештакот треба да биде регистриран, и се определуваат листи на вештаци рече Маневски. Воедно ќе се следи стручноста  и способноста на вештакот и ќе се прави проверка на знаењето на секои 5 години.

            Во расправата судиите од граѓанските оддели на Основните и Апелационите судови во државава  ги поздравија и ги поддржаа измените  кои се како што истакнаа во функција на забрзување на судските постапки но  притоа беше речено дека  е потребно да се земат во предвид и забелешките кои што беа изнесени на денешната Јавна расправа.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk