Средба Маневски - Н.Е. г-дин Чејку, амбасадор на Република Албанија во Република Македонија  
     
 

21.04.2010

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска оствари средба со г-дин Арбен Чејку, амбасадор на Република Албанија во Република Македонија и г-дин Алфред Хоџа, конзул на Република Албанија во Република Македонија.

Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и продлабочување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Албанија во областа на правдата.

Од страна на амбасадор Чејку и министер Маневски соработката помеѓу двете републики е оценета како одлична, а беше истакнато дека треба и да се продолжи во правец на продлабочување на истата во доменот на правдата, со комуникација меѓу двете министерства за правда и остварување на работни билатерални посети, заради размена на искуствата од процесите за интеграција во Европската унија и визната либерализација кои ги има Република Македонија.

Република Албанија соочувајќи се со проблеми при спроведувањето на реформите во областите законодавство, едукација на судии и јавни обвинители, реформа на казнено-поправните установи, ќе ги користи искуствата што ги имаат институциите на Република Македонија во истите области, заради постигнатиот напредок.

 На средбата, министерот Маневски го информираше амбасадор Чејку за претстојните настани во областа на правдата кои ќе ги организира Македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Амбасадор Чејку, честитајќи го преземањето на Претседателството со Комитетот на министри на Советот на Европа од страна на Република Македонија, соопшти дека претставува особено задоволство што високи претставници на Република Албанија ќе имаат прилика да учествуваат на споменатите настани кои се од високо значење и корисност за Регионот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk