Промовирана петтата генерација на судски преведувачи  
     
 

27.04.2010

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денес им врачи решенија на 100 судски преведувачи кои успешно ја поминаа проверката на знаењето на странски јазици што Министерството за правда ја спроведе во април 2010 година.

Досега, заклучно со петтата сесија, испитот го положија 353 судски преведувачи за 17 странски јазици; и тоа, за албански, англиски, босански, бугарски, германски, грчки, италијански, кинески, полски, руски, словенечки, српски, турски, француски, хрватски, црногорски и шпански јазик.

Тоа е вистинско драгоцено богатство на претежно млади кандидати, кои со успех ги положија испитите за еден, или за повеќе странски јазици - рече Маневски.

На овој начин и Република Македонија ја подобрува состојбата на исполнување на критериумите на Европската унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како утврдена политика на Унијата.

Министерот Маневски на судските преведувачи им порача да го унапредуваат своето знаење и понатаму, затоа што, како што рече, нивните искуства ќе бидат драгоцени за државата и за институциите во преведувањето.


            Министерот Маневски им се заблагодари и на професорите од нашите образовни институции со чија помош се спроведе проверката на знаење на судски преведувачи.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk