Покана за изразување интерес за обука на Државниот управен инспекторат за имплементација на внатрешната регулатива бр.005-10  
     
 

29.04.2010

 
 

Република Македонија

Министерство за правда

Покана за изразување интерес за

обука на Државниот управен инспекторат за имплементација на внатрешната регулатива

бр.005-10

Република Македонија доби заем од Меѓународната банка за реконструкција и развој за трошоците на Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка кој се имплементира преку Министерството за правда и има намера да потроши дел од средствата за консултантски услуги кои се предмет на оваа покана.

Целта на Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка (LJIIS) е да придoнесува за подобрувањето на судската ефикасност и ефективност и бизнис климата во Република Македонија преку: (i) зголемување на судските и капацитетите на министерствата за систематска имплементација на Владината стратегија за судски реформи и клучните закони; и (ii) подобрување на судската инфраструктура.

Опсегот на работите се однесува на обука на кадарот на Државниот управен инспекторат при Министерството за правда за имплементирање на неговата внатрешна регулатива. Предвидена е организација на осум дводневни обуки за 45 учесници и ангажирање на експерти - обучувачи од областа на управното право. Предвидениот временски период за изведба на задачата е осум месеци.          

            Министерството за правда повикува квалификувани консултантски компании да изразат интерес. Изјавите за интерес треба да го содржат профилот на компанијата и предложениот кадар, односно следните информации за квалификуваност:

  • Најмалку три години искуство во организација на обуки/семинари/работилници 

  • Тим лидер со најмалку три години искуство во организирање слични обуки

  • Биографии од соодветен кадар од областа на управното право, и тоа најмалку два експерти со следните квалификации:

-соодветна универзитетска диплома од областа на правни науки или бизнис администрација

-најмалку 8 години искуство во управното право

-широко познавање на управните процедури и управното законодавство, особено ЕУ регулативата

-познавање на македонското управно право и практика, како и на пошироката политичка и економска ситуација

-одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишани и говорни способности)

-комуникациски вештини и познавање на работа со компјутери

(Забелешка: Понудениот кадар не треба да е од редовите на јавната администрација и државните службеници.)

Консултантската компанија ќе биде избрана во согласност со процедурите поставени во Насоките за избор и вработување на Консултанти од страна на Заемопримачи од Светска банка (Guidelines: Selection and Employment of Consultants by World Bank Borrowers) издадени од страна на Светска банка во мај 2004, ревидирано издание во октомври 2006. Методот на избор е Селекција врз основа на квалификации (Consultants Qualifications-CQ).

Заинтересираните компании може да добијат понатамошни информации на адресата наведена подолу, во текот на работното време од 08.30-16.30.  

Канцеларија за имплементација на Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка

Лице за контакт:    Данијела Манева, Специјалист за набавки

e-mail: ljiis_procurement@yahoo.com 

Изјавите за интерес мора да бидат доставени најдоцна до 11,00 часот на 14.05.2010 на следната адреса:

.

Министерство за правда на Република Македонија

Проект за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка

(изјава за интерес бр.005-10)

Лице за контакт: Данијела Манева, Специјалист за набавки

ул. Димитрие Чуповски 9, 1000 Скопје, Република Македонија

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk