Средба министер Маневски – Директор на ОБСЕ ОДИХР амбасадор Ленарчич  
     
 

04.05.2010

 
 

Министерот Маневски оствари средба со Директорот на ОДИХР амбасадор Ленарчич на која беше разменето взаемното задоволство од успешно спроведениот проект за унапредување на законодавниот процес во РМ во изминатите три години.

Проектот се спроведуваше со организација на тркалезни маси кои се однесуваа на посебни аспекти од законодавниот процес со цел развивање на препораки и мерки за унапредување на законодавните постапки.

Министерот за правда Маневски го извести амбасадорот Ленарчич дека во изминатиов период е направен значителен напредок во фазата на подготвување на законите во насока на обезбедување поголема транспарентност, широка консултација на сите засегнати страни и зајакнување на демократските процеси воопшто.

Амбасадорот Ленарчич изрази задоволство од одличната соработка и замоли Владата на РМ и Министерството за правда да ги земат во предвид препораките од извештајот на ОБСЕ ОДИХР за изработка на закони и регулаторен менаџмент во РМ.

Министерот за правда Маневски потврди дека проектот секако придонесува кон подобрување на процесот на подготовка на закони и дека препораките се од големо значење и ќе им се посвети доследно внимание.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk