Конференција на тема: Презентација на Препораките за унапредување на процесот на донесување на законите  
     
 

04.05.2010

 
 

            Во организација на ОБСЕ – ОДИХР денеска во хотел Арка се одржа  Конференција на тема Презентација на Препораките за унапредување на процесот на донесување на законите.

          
            На  Конференцијата  на која беа презентирани препораките  за подобрување  на  законодавниот процес во Република Македонија, се обрати и министерот за правда Михајло Маневски.

           Денешнава презентација рече Маневски  претставува заокружување на целиот проект кој се состоеше од одржување серија тркалезни маси на кои беа опфатени сите битни сегменти од кои се состои законодавниот процес. Процесот на изготвување на законите и следењето на нивната примена во практиката претставува исклучително битен сегмент од правниот и политичкиот систем во Република Македонија рече Маневски .

Владата на Република Македонија и Министерството за правда  рече  Маневски се целосно посветени на ова прашање и посебно внимание посветуваат на унапредувањето на законодавниот процес. Притоа, акцентот се става на сите аспекти од овој процес. Во тие рамки,  нагласи тој ,значаен акцент се става како на фазата на дефинирањето на политиките, така и на евалуацијата од примената на донесените закони.

Во процесот на изготвување на законите Владата на Република Македонија и Министерството за правда посебно внимание посветуваат и на консултациите и инволвирањето на сите засегнати страни рече Маневски. Притоа, посебно се води сметка за консултирање на пошироката, но и на стручната јавност. Наведеново придонесува за подобрувањето на квалитетот на донесените закони. Во рамките на изготвувањето на законите во Министерството за правда редовно учество во работните групи земаат практичарите од областа на правосудството и стручната и научната јавност нагласи Маневски.

Министерот Маневски  информираше и  за активностите што Министерството за правда ги прави во областа на евалуацијата на законите. Имено, рече тој изготвени се бројни анализи за примената на одредени одредби од закони во надлежност на Министерството за правда. Овие анализи служат како основен параметар за проценка на примената на законите и лоцирање на одредени недоследности содржани во нив. Посебно внимание заслужуваат бројните анализи на одредени членови од Кривичниот законик кои претставуваа и основа за измените и дополнувањата изминатиов период рече Маневски.

Маневски го  истакна и воведувањето на РИА обрасците со кои се врши проценка на влијанието на законите. Во овие формулари се прави целосна анализа на законот кој се донесува, вклучувајќи ги и финансиските влијанија од неговата примена. Притоа Маневски  констатира дека од започнувањето на примената на оваа практика за доставување на овие обрасци со предлозите на законите, нивниот квалитет е значително подобрен.

Министерот Маневски  на крајот  се заблагодари на ОБСЕ/ОДИХР за поддршката на целокупниот проект.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk