Презентација - Правниот систем во функција на бизнис климата  
     
 

06.05.2010

 
 

(МИА) - Претставници од бизнис секторот денеска заедно со Министерството за правда разговараа за неколку предлог – закони од областа на правото кои ја засегаат работата на стопанствениците во државата. Тема се Законот за извршување кој е веќе донесен, и измените и дополнувањата на Законот за парнична постапка, Предлог-законот за вештачење и Предлог - законот за проценка, кои се уште не се влезени во владина процедура,

Според министерот за правда Михајло Маневски, со донесувањето на овие закони ќе се стави крај на долгите и сложени судски постапки кои не им одат во прилог ниту на граѓаните, ниту на бизнис секторот.

- Бизнис заедницата бара сигурност, доверба и ефикасност во правниот систем. Тоа се целите кои сакаме да ги постигнеме со овие предлог закони кои се уште не се влезени во владина процедура, рече Маневски.

За стопанствениците правниот систем е важен и рамка која ја одредува бизнис климата во државата. Тие бараат во Законот за медијација да се издвојат стопанските постапки и тие да не траат подолго од 45 дена.

- Тоа е нашето барање бидејќи судските лавиринти не изморија. Можеби има постапки кои треба да одат подолго, но должничко-доверителните односи треба да се издвојат на страна, рече Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Тој смета дека треба да се скратат и стечајните постапки на околу 60-тина дена и дека доколку инвестицијата е стратешка не може таа да оди во недоглед. Во овој случај, вели Калеников, Владата треба да повика стручен тим од стопанственици кој би ја рестартирале компанијата со финансиска помош од Владата по што таа би се продала.

Конференцијата за правниот систем во функција на бизнис климата што ја организира Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со Министерството за правда. Од неа треба да произлезат одредени сугестии кои ќе бидат разгледани пред донесувањето на законите со цел нивна поефикасна имплементација.
 

Презентација - Правниот систем во функција на бизнис климата

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk