
Денеска започна реновирањето на полуотвореното одделение на Казнено поправниот дом Идризово согласно Програмата за финансирање на изградба, реконструкција, одржување на објекти и опремување на казнено поправните установи за 2010 година.
Подготвена е целокупната документација, спроведена е тендерска постапка и избран е изведувач на работите. Реновирањето на полуотвореното одделение во КПД Идризово опфаќа целосно реновирање на просториите за престој, санитарните јазли, греењето, покривот и други градежни работи.
Полуотвореното одделение е со капацитет од 140 лица.
За реновирање на ова одделение на КПД Идризово се обезбедени материјални средства од Буџетот на Република Македонија.