Најава:Прва Регионална работилница за јакнење на статистиката во областа на правда и внатрешни работи во Западен Балкан  
     
 

11.05.2010

 
 

            Од 12 до 14 мај 2010 година  во  хотел Холидеј ин “  во организација на  Канцеларијата за дроги и криминал на Обединети Нации , а под покровителство на Министерството за правда на Република Македонија, ќе се одржи - Прва Регионална работилница за јакнење на статистиката во областа на правда и внатрешни работи во Западен Балкан.

            Целта на работилницата е: презентирање на техничките извештаи од мисијата за процена на состојбата во областа на криминалната статистика, идентификување на заедничките предизвици во областа на криминалната статистика и усвојување на конкретни насоки за подобрување на системите за собирање на податоци во сите држави учеснички во проектот.

            На работилницата ќе се обратат министерот за правда Михајло Маневски, г.  Патрик Паке – претставник  од  Делегацијата на ЕУ за РМ и г-ца  Карла  Чиварела, Координатор на регионалната програма на УНОДК за Југоисточна Европа .

            Канцеларијата на Обединетите нации за дроги и криминал -  UNODC, почнувајќи од октомври 2009 година започна со имплементација на Регионалната Програма за промоција на владеење на правото и човековата безбедност во земјите на Југоисточна Европа.

            Во рамките на вториот столб на оваа регионална програма - “Правда и интегритет“, почнувајќи од јануари 2010 година,  се спроведува проектот “Развој на мониторинг инструментите за судските институции и органите за спроведување на законот во Западен Балкан“ кој е финансиран од страна на Европската Унија.

             Првата фаза на овој проект се одржа во јануари 2010 година и опфати процена на состојбите во областа на криминалната статистика кај сите држави – учеснички во проектот.

            Втората фаза на проектот опфаќа одржување на две регионални работици со цел  усогласување на националните статистички механизми на државите од Западниот Балкан со релевантните меѓународни стандарди, правото и стандардите на Европската Унија и најдобрите меѓународни практики во оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk