Презентиран Извештајот за проценка на имплементацијата на Стратегијата за реформа во судскиот систем  
     
 

19.05.2010

 
 

Во  Министерството  за  правда денеска се одржа  Осмиот состанок на Советот за реформа на правосудниот систем на кој беше презентиран Извештајот за проценка на  имплементацијата на Стратегијата  за реформа во судскиот систем.

Во рамките на проектот ИПА 2007 на ЕУ, проф. д-р Алесандро Симони, професор по компаративно право на Универзитетот во Фиренца  и г-дин Волфганг Тиде, експерт за реформи на судството во централна и источна Европа, извршија проценка на спроведувањето на стратегијата за реформи во правосудството од 2004 година.

Целта на проценката за спроведувањето на судските реформи е да се направи исцрпна оценка на резултатите кои се постигнати досега, на недостатоците и слабостите кои се појавија при имплементацијата на стратегијата, и да се помогне на Министерството за правда во изготвување на стратешки документ за продолжување на реформата во правосудството и обезбедување одржливост на реформските напори.

Експертите извршија увид и процена на сите претходно добиени и  обработени податоци, закони, извештаи, информации, анализи, стратешки документи, истражувања, проценки и други материјали. При тоа, експертите извршија посети и консултации во 46 правосудни инстуции, меѓународни и невладини организации.

Општ заклучок на експертите во извештајот е дека:

Стратегијата од 2004 беше успешно имплементирана во услови на ограничени финансиски средства, недостаток на човечки ресурси и отсуство на техничко искуство за некои специфични закони.

Имплементацијата вклучуваше усвојување во краток временски период на огромен број на закони и важни технички и организациони промени.

Во врска со областа на судска независност, напредокот е навистина импресивен и системот на формални гаранции изгледа дека е најкомпатибилен со потребата за флексибилност и контрола на професионалната работа. “ 

Донесени се сите предвидени закони во Стратегијата, се наведува во извештајот.


Извештај за проценка на имплементацијата на Стратегијата за реформа во судскиот систем - презентација

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk