Работна средба со претседателите на Основните и Апелационите судови за трнсферот на извршните предмети  
     
 

31.05.2010

 
 

             Во организација на Министерството за правда и УСАИД -Проект за имплементација на судските реформи денеска се одржа Работна средба  на која се дискутираше за динамиката на извршување на предметите и подготовките за имплементација на Измените на Законот за извршување.

            

             Министерот Маневски обраќајќи им се на присутните  потсети дека трансферот на извршните предмети претставува една од најкрупните реформи во Република Македонија што се однесува на извршувањето и парничната постапка.

            Да ги ослободиме судовите од баластот на предметите, и тие  во иднина да не оставаат грда слика  во судството нагласи Маневски.

            Процентите на извршени предмети континуирано растат од година во година. Така доколку процентот на извршени предмети во 2007 година во просек  изнесуваше 40%, тој во 2008 година достигна 47%, 2009-50%. Трендот на пораст на степенот на реализација продолжи и во 2010. Така во јануари тој достигна 54%, Февруари 58%, за да во март достигне рекордни 77%.

           

            На денешната средба Маневски ги  повика претседателите на судовите да презентираат конкретни податоци во врска со прогресот во подготовката на извршните предмети  за трансфер, за на 1-07-2010 година да бидат трансферирани  658.000  предмети.

            Од иницијалните 41 извршител кои започнаа со имплементација на новиот систем, во моментов во Република Македонија има именувано вкупно 76 извршители кои постапуваат и извршуваат правосилни извршни исправи, а во тек е именување на нови извршители рече Маневски.

            На работната средба беа изнесени искуствата  на Основните и Апелационите судови во врска со активностите околу Законот за извршување.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk