Остварена прва посета на Република Македонија од страна на претседателот на Европскиот суд за човекови права Жан-Пол Коста  
     
 

10.06.2010

 
 

Денеска, 10.06.2010 година, министерот за правда Маневски оствари работна средба со делегација предводена од претседателот на Европскиот суд за човекови права г. Жан-Пол Коста, кој е во престој на Република Македонија по повод неговото учество на Регионалната конференција на претседателите на уставните судови, која ќе се одржи во Охрид од 10-ти до 12-ти јуни 2010 година.

Ова посета претставува прва посета на претседател на Европскиот суд за човеков права на Република Македонија. На работната средба, на која претседателот на европскиот суд за човекови права г. Жан-Пол Коста, г-ѓа Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Европскиот суд за човекови права, избрана од Република Македонија и г-ѓа Клаудија Вестердејк, претставник од Европскиот суд за човекови права, како членови на делегацијата, се сретнаа и со заменик претседателот на Судскиот совет на Република Македонија г. Насер Хаџиахметагиќ, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија г. Јово Вангеловски и директорот на Академијата за обука на судии и јавни обвинители г-ѓа Анета Арнаудовска, се разговараше за соработката на правосудните институции на Република Македонија со Европскиот суд за човекови права, за состојбата со предметите по кои постапува Европскиот суд за човекови права, за ефикасноста на судството и за спроведените реформи на правосудството во Република Македонија.

Од страна на претседателот на Европскиот суд за човекови права на средбата беше упатена порака дека соработката помеѓу Европскиот суд за човекови права и националните институции претставува секојдневен континуиран процес, кој како таков треба да продолжи со цел ефективна заштита на човековите права. Приликата на оваа посета, според г. Коста, се претставува можност да се кристализираат областите за понатамошна успешна соработка.

Тој изјави дека со оглед на бројот на поднесени апликации од Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во мал број случаи се работи за тешки повреди на човековите права.

Констатирана е потреба за понатамошна соработка со Европскиот суд за човекови права заради обука и едукација на судиите и јавните обвинители.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk