Ревизија на Грант – Торнтон на материјално –финансиското работење на Министерството за правда  
     
 

17.06.2010

 
 

Од извештајот за контрола на инвестиционите работи и финансиското работење не се утврдени никакви забелешки во работењето на Министерството за правда

Ревизорската куќа ГРАНТ-ТОРНТОН изврши контрола на материјално-финансиското работење на Министерството за правда во врска со искористувањето на кредитот од Светска банка за Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка.

Средствата од кредитот се искористени за комплетно реновирање и опремување на судовите со проширена надлежност, зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за правда и зајакнуавање на информатичкиот систем.

Ревизорската куќа ГРАНТ-ТОРНТОН е на мислење дека :

Според наше мислење, финансиските извештаи на Проектот, кои се подготвени во согласност со условите утврдени во насоките за финансиско известување на Светската Банка, праведно, и во сите материјални аспекти, ја покажуваат финансиската положба на Проектот “Правна и правосудна имплементација и институционална поддршка” финансиран според Договорот за Заем 4823 МК, како и билансот на посебната сметка од заемот заклучно со 31.12.2009 година и движењата на посебната сметка како и изворите и употребата на средствата за годината која завршила, во согласност со сoодветните одредби утврдени во Договорот за Заем 4823 МК.“

Исто така, во извештајот се наведува дека “е водена адекватна придружна документација за надомест на направените трошоци за нивно оправдување пред Светската Банка.”

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk