Стартува Законот за бесплатна правна помош  
     
 

07.07.2010

 
 

 -  Од денеска почнува примената на Законот за бесплатна правна помош, со кој се остварува основното човеково право - еднаков пристап до правдата за сите граѓани независно од нивната мaтeријална состојба.

Согласно Законот, бесплатна правна помош може да добијат корисници на социјална помош, корисници на право на инвалидски додаток кои не остваруваат други приходи, корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од нив, семејства или самохрани родители кои остваруваат право на детски додаток, лица со право на азил, внатрешно-раселени, раселени или прогонети лица со престојувалиште во Македонија, странски државјанин кој согласно меѓународните договори остварува право за кое е надлежен македонски државен орган, лице без државјанство кое законски престојува во земјава и државјанин на ЕУ земја - членка под услови утврдени со Законот.

Бесплатната правна помош предвидува две категории, претходна, што ќе ја даваат вработените во Министерството, а опфаќа општи и правни информации/совети, како да се подготви барање за добивање формална правна помош, и стручна, што се однесува на составување тужби, жалби, вклучување во судска или управна постапка, за која се задолжени адвокатите.

Во тек е изготвувањето регистри на адвокати и граѓански здруженија кои ќе даваат бесплатна правна помош. По нивното финализирање,  ќе бидат јавно објавени.

Законот за бесплатна правна помош е донесен на крајот од 2009 година. За негово поефикасно спроведување се донесени и шест правилници и подзаконски акти. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk