Билатерални средби на министерот Маневски во Брисел со европски колеги  
     
 

16.07.2010

 
 

(МИА) -  Министерот за правда Михајло Маневски денеска во Брисел на маргините на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во Унијата, имаше низа билатерални контакти со своите европски колеги.

На средбата со министерот за правда на Италија Анџелино Алфано ја потврдиле добрата соработка на двете министерства, особено во областа на кривичната материја.

- Со министерот за правда на Италија разговаравме за искучително добра соработка, особено во кривичната материја. Ги потврдивме заедничките заложби за продлабочување на таа соработка, особено во делот на гонењето и екстрадицијата, рече Маневски.

Маневски остварил средба и со министерот за правда на Турција Садула Ерин, при што договориле негова посета на Македонија кон крајот на септември крајот на сeптември годинава.

На средбите со министрите за правда на Полска, на Словачка и на Бугарија, Кшиштов Квиатковски, Вијера Петрикова и Маргарита Попова, министерот Маневски разменил мислења за соработката на институциите, за соработката во делот на екстрадицијата, за меѓународната правна помош, а размениле искуства и во однос на легислативата.

По неформалната средба, како што изјави Маневски, бил промовиран порталот  „Е-правда“, каде ќе бидат објавувани прописите од земјите држави членки од ЕУ, меѓународните документи со што им се овозможува на граѓаните на земја членка на ЕУ да ги дознаат своите права и обврски.

- Значајно е дека Република Македонија од оваа година има електронско судство, односно електронски се објавуваат записниците, електронски се распределуваат предметите, прописите им се достапни на судиите, на обвинителите и на нотарите. За неколку месеци има објавено повеќе од 30 илјади пресуди што е од исклучително  големо значење за граѓаните, а тоа значи и одговорност и транспарентност во работата на судовите, изјави Маневски.

На состанокот министрите за правда дебатираа на темите „Координација на правосудните истраги и  гонење  на Европско ниво и улогата на ЕВРОПРАВДА  и „Лансирање на Е-правда, портал“.

Во Брисел со Маневски е и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која учествуваше во пленарните сесии во доменот на внатрешните работи и безбедност. Шефовите на овие ресори дискутираа на темите „Како да се воспостави заеднички европски систем за азил до 2012 година“ и за „Превенцијата од криминал“.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk