Средба на амбасадорот на Канцеларијата на ОБСЕ Н.Е. Хереро со министерот за правда Михајло Маневски  
     
 

03.09.2010

 
 

           Денеска, во просториите на Mинистерството за правда се одржа средба помеѓу амбасадорот на Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје Н.Е. Хереро и министерот за правда Михајло Маневски, согласно утврдената практика на редовно одржување на ваков тип на средби.         

 

            Целта на средбата беше размена на мислења во врска со работата на Министерството за правда, подготовката на нови закони, имплементацијата на новите закони подготвени од Министерството за правда, постигнатите резултати во спроведувањето на активностите за реформа во правосудството и соработката на Министерството за правда со ОБСЕ.          

            На средбата беше разговарано за потребата од координацијата на активностите на поддршка, како и за дефинирање на понатамошните активности на Министерството за правда во конкретни области за кои ОБСЕ изразува интерес да ги поддржи.

Од страна на амбасадор Хереро беше изразена подготвеноста ОБСЕ да даде поддршка за активностите за имплементација на реформата на правосудството, во рамки на многу успешната соработка помеѓу двете институции, на взаемно задоволство.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk