Утврдена правната рамка за спроведување на Пописот на населението  
     
 

13.09.2010

 
 

(МИА) - Создадена е потребната правна основа за пописот на населението што ќе се спроведува од 1 до 15 април 2011 година. Владата, како што соопштија денеска на прес-конференција вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдилаким Адеми и министерoт за правда Михајло Маневски, го утврди Предлог законот за Попис на населението, домаќинствата и становите.

Пописот ќе го спроведе Државната пописна комисија во соработка со Државниот завод за статистика, а ќе го следи ЕУРОСТАТ.

- Владата ги презема сите мерки за Пописот на населението да се одвива во добра атмосфера и законски, со почитување на меѓународните стандарди и препораки на ЕУРОСТАТ, рече Адеми, апелирајќи да не се политизаира и етнизира процесот.

Успехот на пописот, напомена тој, е успех на секој од нас и на Македонија воопшто.

Осврнувајќи се на Предлог законот, министерот Маневски информира дека попишувањето ќе се спроведува на македонски јазик и кирилично писно, а во деловите од земјата каде над 20 проценти се припадници на немакедонска етничка заедница, населението ќе може да се изјаснува по сопствен избор - на македонски јазик или на јазикот на етничката заедница.

Првичните резултати ДЗС ќе ги објави 60 дена по завршувањето на пописот, а конечните најдоцна до јуни идната годиниа.

Според директотката на ДЗС Благица Новковска, извршени се сите подготовки за успешно реализирање на оваа, како што рече, најкомоплексна и најсеопфатна активност.

Во мај минатата година е спроведен пробен попис како една од клучните подготвки за старт на официјалниот.

Пописот на населението во Македонија се спроведува секои десет години. Досега се реализирани вкупно осум од кои последниот во 2002 година.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со евентуалната застапеност на албанската етничка заедница што треба да произлезе од пописот Адеми апелира да не се шпекулира со бројки.

 - Од денеска се влегуваме во процесот на пописот и не би сакал да кажам кој колку ќе биде застапен, истакна Адеми.

На тоа се надовраза и директорката на ДЗС Новковска до која исто така беше упатено прашањето, потенцирајќи дека никакви лицитации со бројки не се потребни додека не се објават конечните резултати од попишувањето. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk