Работилница: ЕУ предпристапни преговори во областа на правда и внатрешни работи  
     
 

16.09.2010

 
 

Денеска во хотел ,,Арка,, започна дводневна  заедничка работилница помеѓу Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи на тема: ЕУ предпристапни преговори во областа на правда и внатрешни работи која се реализира со подршка од Европската Унија преку инструментот ТАЕКС.

Поздравувајќи ги присутните во своето обраќање министерот за правда Михајло Маневски истакна дека   министерството  за правда  преку реформите во  правосудството e одговорно за реализација на приоритетите содржани во основните инструменти за интегрирање во ЕУ за што се евидентни напорите за остварување на напредок во зајакнување на независноста, зголемување на ефикасноста како и специјализација на судството во насока на обезбедување на слободен и ефикасен пристап до правдата и втемелување на принципот на владеење на правото како основа за стабилен правосуден систем. 

Министерот Маневски истакна дека Во насока на подобрување на судскатата инфраструктура Владата на Република Македонија презеде низа мерки за обезбедување просторни и материјално технички услови за работа на судовите, согласно највисоките европски стандарди. Ваквите трендови на реформски активности нагласи Маневски ќе продолжат и натаму, во сите сегменти на македонското правосудство, а со цел поголема ефикасност во работата на судовите.

Евроинтегративниот процес е главниот приоритет и стратешка определба на оваа Влада нагласи Маневски , при што државните службеници кои се директно вклучени во овие процеси се столбот на кој се потпира нашата држава во спроведувањето на тешките реформи и задачи кои се услов не само за побрза интеграција во ЕУ туку и за подобрување на животните услови на нашите граѓани.

Обраќајќи им се на присутните Маневски рече дека стручното и професионално надградување е особено важно за државните службеници, но  подеднакво важно е и за институциите во кои работат и ги преставуваат.

Посакувајќи им успешна работа Маневски рече дека оваа работилница ќе биде место каде со поддршка на  експертите, државните службеници  ќе  ги подобрат знаењата од сферата на евроинтеграциите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk