Адвокатската комора му додели признаниие на министерот за правда Михајло Маневски  
     
 

17.09.2010

 
 

            Денеска на свечена седница на Управниот одбор на Адвокатска комора на Република Македонија, претседателот на Адвокатската комора  Ненад Јаниќевиќ му  додели признание на министерот за правда Михајло Маневски за успешната соработка со Адвокатската комора и афирмирање на адвокатската професија.  

            Вакво признание беше доделено и на државниот секретар во Министерството за правда Билјана Бришкоска Бошковски.

            Министерот Маневски изрази  задоволство и благодарност за укажаната чест со врачувањето на Признанието при што го нагласи придонесот на адвокатската фела за учеството во изработка на законите  и за унапредување на правната мисла.

           

           Осврнуваќи се активностите на министерството министерот Маневски ги спомна најновите измени и дополнувања на Законот за парничната постапка кои се  продолжение  на реформите во парничната постапка, како еден сегмент од севкупната реформа на правосудниот систем, потоа новините во Закон за парнична постапка ,Закон за бесплатна правна помош, Закон за судови  и  Закон за адвокатска маркичка. 

            Министерот Маневски ја потенцираше  и можноста за употреба на  Правната база на податоци од страна на Адвокатската комора на Република Македонија.

Со цел подобрување на работата на адвокатите и унапредување на адвокатската професија во Република Македонија рече министерот за правда Михајло Маневски , со Проектите за реновирање на основните судови со проширена надлежност, обезбедени се простории за адвокати во основените судови Скопје I Скопје, Струмица и Гостивар, а согласно изведбениот проект за новиот Кривичен суд Скопје, исто така е превидена просторија за адвокати.

Исто така потсети Маневски, за адвокатите исто како и за судиите и за обвинителите обезбедени се обуки и едукации за одредени законски проекти.

Согласно Законот за бесплатна правна помош, барање за впишување во Регистарот за правна помош кој го води Министерството за правда поднеле 187 адвокати, од кои 164 се одобрени со решенија, а 23 барања се во постапка да бидат одобрени.

Министерот Маневски и државниот секретар Бришкоска Бошковски се заблагодарија за признанието и посакаа успешна понатамошна сорабока.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk