Средба: Маневски - г. Шелдон Јет, шеф на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје  
     
 

24.09.2010

 
 

                Министерот за правда Михајло  Маневски денеска се сретна со г. Шелдон Јет,  шеф на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

             На средбата  се разговараше за финализирање на Проектот правда за децата ИПА 2010-2012 ,  со чија реализација ќе се постигне натамoшно унапредување на заштитата на правата на децата.

На средбата стана збор и за компаративната анализа за усогласеноста на законодавство на Република Македонија со Конвенцијата за правата на детето, изготвената со финансиска и техничка поддршка од УНИЦЕФ.

Министерот Маневски истакна дека заштитата на правата на децата е на врвот на приоритетите на Министерството за правда од казнено правен аспект  и од законодавно -правен аспект воопшто кој ги опфаќа децата во ризик, од висок ризик и децата жртви на насилство.

Таквата компаративната анализа, која на некој начин претставува кодификација на националното законодавство од областа на заштитата на правата на децата, претставува одлична публикација  истакна Маневски , која ќе им користи на сите кои работат во правосудните и други институции кои се занимаваат со заштита на правата на децата.

Г. Јет, изразувајќи задоволство до досегашната соработка со Министерството за правда во областа на заштитата на правата на децата, соопшти дека Комитетот за заштита на правата на децата, имајќи ја предвид компаративната анализа,  особено позитивно го оценил донесениот Закон за малолетничка правда.

Министерот Маневски и г.Јет изразија согласност дека заштитата на правата на децата е од клучна важност за Република Македонија,  и желба за   продлабочување на понатамошната   соработка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk