НАЈАВА:Конференција - Зајакнување на субсидијарноста: Интегрирање на праксата на ЕСЧП во националното законодавство и праксата на домашните судови  
     
 

28.09.2010

 
 

            На 1 и 2 октомври – 2010 година  во Скопје, во хотелот Александар Палас,  во рамките на македонското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа, ќе се одржи Конференција посветена на принципот на субсидијарност во примената на Европската конвенција за човекови права и основни слободи.

            Конференцијата насловена како: „Зајакнување на субсидијарноста: Интегрирање на праксата на ЕСЧП во националното законодавство и праксата на домашните судови„  е организирана со поддршка на Проширениот договор за демократија преку право („Венецијанската комисија„) и Генералниот директорат за човекови права и правни прашања на Советот на Европа.

            Конференцијата претставува можност за размена на искуства и ставови меѓу учесниците по однос на  прашањата кои се однесуваат на субсидијарниот карактер на контролниот механизам воспоставен со членот 1  од Конвенцијата- Европскиот суд за човекови права,   кој имплицира, правата и слободите загарантирани со Конвенцијата првенствено да бидат заштитени и да се применуваат од страна на националните органи.

            Конференцијата  ќе ја отвори Министерот за правда, Михајло Маневски,  и ќе учествуваат претставници од Министерството за правда и Министерството за надворешни раоти,   претставници од домашните правосудни органи (Врховниот суд и четирите Апелациони судови, Јавното обвинителство на РМ), Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители, Уставниот суд на РМ, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Народниот правобранител на РМ, Собранието на РМ, како и претставници од невладиниот сектор во државата.

            На Конференцијата ќе присуствуваат по двајца претставници - судии од највисоките национални судски инстанци од државите членки на Советот на Европа, судии од Европскиот суд за човекови права, претставници на Генералниот секретаријат на Советот на Европа, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Венецијанската комисија, Конференцијата на меѓународните организации на СЕ, како и претставници на други релевантни тела во рамките на Советот на Европа.

            На  Конференцијата ќе  се промовира и книгата на пресуди на Европскиот суд за човекови права донесени од страна на Големиот судски совет како основен креатор на судската практиката на Судот, на македонски јазик со цел да им помогне и да им ја приближи на домашните институции практиката на Европскиот суд за човекови права.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk