МАКЕДОНСКО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИ НА СОВЕТ НА ЕВРОПА, Мај - ноември 2010  
     
 

30.09.2010

 
 

Република Македонија претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа во текот на период од шест месеци од мај до ноември 2010 година. Во рамки на претседавањето, Министерството за правда се јавува како институција носител на две меѓународни конференции и тоа конференција на тема “Jакнење на принципот на субсидијарноста - вградување на праксата на Европскиот суд за човекови права во националните законодавства и праксата на судовите” и “Борба против корупцијата – Интегративна спрега од домашни и меѓународни активности.“

Министерството за правда презеде низа на активности во насока на навремено и координирано реализирање на иницијалните подготовки за двете конференции кои се во надлежност на Министерството за правда во рамки на претседавањето на Република Македонија со Комитетот на министри на Советот на Европа.  http://coe-chairmanship.mk/15/Home.html


КОНФЕРЕНЦИЈА

Jакнење на принципот на суpсидијарноста - вградување на праксата на ЕСЧП во националните законодавства и праксата на судовите

Конференцијата ќе се одржи на 1-2 октомври 2010 година, хотел Александар Палас, Скопје

Конференцијата во Интерлакен ја истакна потребата од зајакнување на принципот на субсидијарност што ја претставува основата на која е изграден контролниот механизам на ЕКЧП. Декларацијата од Интерлакен и Акциониот план усвоени на оваа Конференција, потврдија дека националните органи – владите, судовите и парламентите мора да имаат фундаментална улога во гарантирањето и заштитата на човековите права на национално ниво.

При подготовките на Конференцијата во Интерлакен, CDDH издаде мислење (CM (2009) 181) според кое принципот на субсидијарност мора да биде целосно оперативен со цел да се обезбеди долгорочна ефикасност на контролниот систем воспоставен со Конвенцијата. И покрај укажувањата од страна на CDDH дека ова прашање треба да биде централна тема на Конференцијата во Интерлакен, тоа беше само едно меѓу останатите прашања кои се сметаа за важни за иднината на ЕСЧП.

Конференцијата во Скопје има за цел да даде поголемо значење на ова прашање, што е во тесна врска со ефикасната имплементација на Конвенцијата на национално ниво, посочено во точката Б од Акциониот план од Интерлакен, но исто така е во тесна врска и со подобрувањето на ефикасноста на домашните правни средства и потребата од брза и целосна имплементација на пресудите на Судот. Конференцијата, исто така благовремено ќе обезбеди и можност за дискусија по однос на досегашниот напредок на државите членки во исполнувањето на обврските од Акциониот план од Интерлакен, за што треба да поднесат извештај до крајот на 2011. Во овој контекст, дел од дискусијата во Скопје може да биде посветена на имплементацијата на релевантните препораки усвоени од страна на  Комитетот на министри. 

            Учесниците на Конференцијата (кои доаѓаат од највисоките национални судови и ЕСЧП, како и владините експерти) ќе можат да дискутираат за субсидијарноста од нивните различни позиции и улогата што ја имаат во нејзината реализација. Ова може да помогне во подобро меѓусебно разбирање на различните ставови и потреби. Националните судови и домашните органи, генерално се подобро позиционирани да одлучуваат за мерките во определени области, да ги антиципираат проблемите и да соработуваат со другите национални институции со цел решавање на проблемите, додека улогата на Судот во Стразбур е контролна.

            Како што е укажано во споменатото мислење на CDDH, принципот на субсидијарност исто така бара пресудите на EСЧП да се јасни и кохерентни и да содржат насоки за националните судови. Конференцијата, исто така може да послужи и за дискусија на темата од оваа перспектива.

            Извештајот „Ефикасна имплементација на ЕКЧП: Процесот Интерлакен„ на Парламентарното собрание и Генералниот секретар, во неговото излагање на Конференцијата во Интерлакен, спомена дека „Субсидијарноста подразбира дека правната сила на судската пракса на ЕСЧП  треба да се засили на национално ниво – директна применливост на ставовите на Судот во Стразбур во домашното законодавство„. Најверојатно е поправилно да се упатува на интерпретативниот (res interpretata) правен карактер во рамките на правниот поредок на државите, различни од онаа која е одговорна во конкретниот случај, отколку на erga omnes ефектот на најзначајните пресуди на Големиот судки совет„.


КОНФЕРЕНЦИЈА

Борба против корупцијата – Интегративна спрега од домашни и меѓународни активности   

Конференцијата ќе се одржи на 15-16 октомври 2010 година, хотел Инекс Горица, Охрид

Со цел адресирање на постоечкото прашање за борба против корупцијата, како проблем кој ги еродира општествата и ја ослабува безбедноста на граѓаните планирана е оваа Конференција посветена на овој проблем кој неможе да се третира како изолиран феномен. ГРЕКО го одбележа својот 10-ти јубилеј во октомври 2009 година. Овој парцијален договор на Советот на Европа, во кој Република Македонија е дел од 2000 година се докажа дека е ефикасен инструмент за потиснување на корупцијата  преку проценка на законодавството на земјите членки и судската административна практика. Конференцијата во месец октомври 2010 година претставува дополнување на меѓународната Конференција посветена на корупцијата, која се одржа во Охрид во јули 2009 година, каде учествуваа претставници на влијателни невладини организации, вклучувајќи ја и организацијата Транспарентност Интернатионал. Претстојната Конференција треба да овозможи демонстрирање на постигнатите резултати на планот на борбата против корупцијата, фокусирајќи се посебно на конфискацијата како една од мерките за справување со овој вид криминал, преку презентирање на меѓународните стандарди и нивната имплементација во националните законодавства, европската легислатива за заплена конфискација и повратот на имотот и имотната корист и конфискацијата и повратот на имотот во пракса. Имајќи предвид дека Темата-идентификација, заплена и конфискација на приноси од корупција, како и админситрацијата и корупцијата беа темите на Вториот круг на евалуација на ГРЕКО, а финансирањето на политичките партии беше Тема во третиот круг на евалуација, Конференцијата би се надоврзала на наодите од вториот и третиот круг на евалуација. Исто така, оваа Конференција ќе се фокусира на враќањето на противправната имотна корист, (поврат на имот) во борбата против корупцијата. Заради постигнување на оваа цел, ќе се поканат и претставници од Секретаријатот на ГРЕКО да направат презентација за согледувањата и постигнатите ефекти од оваа евалуација.

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk