Започна Регионалната Конференција: Борба против корупцијата – Интегративна спрега од домашни и меѓународни активности  
     
 

15.10.2010

 
 

            Денеска  во хотел ,,Инекс Горица,, во Охрид во рамките на Македонското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа, започна   Регионалната  Конференција: Борба против корупцијата – Интегративна спрега од домашни и меѓународни активности.

           На Конференција  пред присутните се обрати министерот за правда Михајло Маневски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска како и  г.Волфганг Рау – извршен  секретар на ГРЕКО,  во име на Генералниот секретаријат на Советот на Европа, и г. Драго Кос претседател на ГРЕКО.

            Конференцијата треба да овозможи демонстрирање на постигнатите резултати на планот на борбата против корупцијата, фокусирајќи се посебно на конфискацијата како една од мерките за справување со овој вид криминал, преку презентирање на меѓународните стандарди и нивната имплементација во националните законодавства, европската легислатива за заплена конфискација и повратот на имотот и имотната корист,  и конфискацијата и повратот на имотот во пракса.

            Во продолжение на Конференцијата  на Пленарната  сесија на тема: “Конфискација и поврат на имот,, ќе се обратат претседателот на Врховниот суд на Република Македонија  Јово Вангеловски, Претседателот на EPAC, г. Мартин Кројтнер, Претставник од UNODC/World Bank, г-ѓа Линди Музила, Претставник од Камден Интер - агенциска мрежа за поврат на имот (CARIN), Меѓународен повисок советник г. Еверт Ван дер Стеег, Лидер на тим на проект на Советот на Европа за Поврат на имот стекнат со кривично дело во Србија, г. Фицрој Дрејтон и Академик проф.др. Владо Камбовски.

            Во текот на претпладневната сесија министерот за правда Михајло Маневски оствари билатерални средби со хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ и со албанскиот министер за правда Бујар Нишани. На средбите беа разменети искуства за правосудните реформи во насока на ефикасно справување со корупцијата.

           

             Во рамки на конференцијата на прес  ќе биде промовирана  Книга збирка  на преведените Конвенции од областа на корупцијата и организираниот криминал која ќе биде доставена до  сите судии и јавни обвинители и ќе биде усвоена заедничка изјава.


          ОБРАЌАЊЕ на Министерот за правда Г-н Михајло Маневски на Конференцијата

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk