Министрите Маневски и Јанкуловска на форум во Тирана „ЕУ-Западен Балкан”  
     
 

17.11.2006

 
 

Министрите за внатрешни работи  и за правда,  Гордана Јанкулоска и Михајло Маневски учествуваат на дводневниот форум „ЕУ-Западен Балкан” што во организација на Финска, како претседавач со Европската унија, вчера и денес се одржува во Тирана, на теми кои се однесуваат на борба против организираниот криминал и корупцијата, судска и оперативна соработка и регионалните перспективи на интегрираното гранично управување.

Министерката Јанкулоска во својот настап направи краток рекапитулар на од скоро започнатиот процес на имплементација на реформите во полицијата. Притоа, како базични ги потенцираше етаблирањето на Одделот за организиран криминал во чии рамки се формирани нови организациони единици за криминалистичко-разузнавачка анализа, за специјални истражни техники, за заштита на сведоци и за перење пари. Потоа стартот на проектот за поддршка на реформите во полицијата на локално ниво, а во рамки на КАРДС програмата (јуни 2006 година). Како и акциониот план „Конкретни мерки и активности за борба против организираниот криминал” во чија што, пак, сеопфатност покрај меѓуинституционалната координација во имплементација на владините приоритети, се операционализираат и активностите за донесување на регулатива за следење на комуникациите и за слободен пристап до информациите од јавен карактер и за судир на интересите со која ќе се заокружи законската рамка за сузбивање на организираниот криминал.

Министерот за правда, Михајло Маневски во своето излагање се осврна на соработката мегу институциите во делот трговија со луге и заштита на сведоци. Тој информира за идните активности кои треба да се преземаат со цел поефикасо поврзување и соработка во борбата против сите форми на организиран криминал. Министерот Маневски во своето обраќање повика на поголема ефикасност и унапредување и соработката со земјите од регионот.

Инаку, на форумот покрај шефовите на ресорите за внатрешни работи и за правда на земјите од Западен Балкан, учествуваат и потпретседателот на Европската комисија Франко Фратини како и делегации на идните земји претседавачи на Унијата, Германија и Португалија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk