Втор ден на Регионалната Конференција во Охрид посветена на Транспарентност и интегритет на Јавната администрација и финансирање на политички партии  
     
 

16.10.2010

 
 

          
  На вториот ден од Регионалната Конференција – Борба против корупцијата
интегративна спрега од домашни и меѓународни активности“ која се одржува во рамки на претседавањето на Република Македонија со Комитетот на министри на Советот на Европа се дискутираше за Транспарентност и интегритет на Јавната администрација  и финансирање на политичките партии.

            Заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Васко Наумовски во своето обраќање на конференцијата  рече  дека стратешки приоритет на Владата на Република Македонија е сузбивање на корупцијата во сите сфери на општеството и создавање на амбиент нула толеранција кон корупцијата.

            Говорејќи за транспарентноста и интегритетот на јавната администрација во Република Македонија Наумовски подвлече дека тоа претставува важен сегмент во исполнувањето на критериумите за полноправно членство во ЕУ.

           „Кога станува збор за транспарентност и интегритет на државните служби, веќе не говориме само за критериуми туку и за реална потреба во системот на вредности што една модерна и функционална јавна администрација треба да ги има а кон што се стреми оваа влада„ рече вицепремиерот Наумовски.

           “Токму создавање на професионална, ефикасна, политички неутрална, етична и модерна државна служба чија стручност и транспарентност во работата ќе ги достигне стандардите на Европската унија е основа во спроведувањето на успешна реформа на јавната администрација„ додаде тој.

            Министерот Маневски истакна дека Владата на Република Македонија има јасна визија за спроведување на ефикасна борба против корупцијата и континуирано работи на реализација на конкретни и координирани активности, не само на национално туку и на регионално ниво, за што сведочат споменатите мерки кои тековно се преземаат со цел обезбедување на подобар и посигурен живот на граѓаните како и исполнување на стандардите и мерките потребни за интеграција во ЕУ. 

          
Свесни сме дека борбата против корупцијата не е ни најмалку едноставна работа, истакна Маневски. Компаративните решенија, размената на знаење, информации и искуства, и меѓународната и регионалната соработка се значајни алатки во процесот на подигнување на квалитетот на борбата против корупцијата. Од таму произлегува големото значење на оваа конференција и во оваа насока сакам да го изразам моето уверување , рече Маневски дека од денес ќе бидеме побогати со нови сознанија и нови искуства, што ќе значат натамошни напори за превземање на уште поуспешни чекори во борбата против корупцијата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk