Средба на Министерот за правда Маневски со Амбасадорот на Република Бугарија Лашев  
     
 

22.10.2010

 
 

Денеска (22.10.2010) во Министерството за правда, Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија Н.Е. г. Раковски Лашев оствари средба со Министерот за правда Михајло Маневски.

Министерот за правда го информираше Амбасадорот Лашев за активностите во надлежност на Министерството за правда во правец реформа на правосудството и пристапување на Република Македонија во Европската Унија.

Како што информираше Амбасадор Лашев, Министерството за правда на Република Бугарија изразува интерес за остварување активности на соработка заради размена на практичните искуства во областа на правосудството, особено во областа на меѓународната правна помош во граѓанската и кривичната материја, како и заради пренесување на искуството што го има Република Бугарија од процесот на пристапување во Европската Унија.

Министерството за правда на Република Македонија и Министерството за правда на Република Бугарија развиваат одлична соработка и комуникација, а оваа средба ќе претставува поттик за истата да се продлабочи, истакна министерот за правда Маневски.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk