ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА  
     
 

25.10.2010

 
 

            Денеска  се одбележува Европскиот ден на граѓанската правда.

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави.

             По тој повод,

            - од 8.30 часот до 16.30 часот сите Основни и Апелациони судови во Република Македонија и  Управниот суд во Скопје  ќе бидат отворени  за граѓаните.

            -10.30 часот, во Врховниот суд на Република Македонија, ќе се одржи Работилница на тема „Резултатите од преземените реформски активности во областа на ефикасноста на правдата и презентирање на проектот за кодификација на граѓанското право,, .

            -10.30 часот Основен суд  Скопје 2, присуство на студенти на судења кои се одвиваат во судот.

            -13.00 часот ,Министерот за правда Михајло Маневски ќе го посети штандот на Министерството за правда на Ул.,,Македонија ,,пред  ,,Палата - Македонија,,  и ќе разговара со граѓаните.

 -13.00 часот во Основниот суд Скопје 1, ќе се одржи симулирано судење за посетителите,  студентите  и средношколците.

- 14.оо часот, министерот Маневски ќе ја посети  општина Ѓорче Петров - каде  што министерството за правда ќе  организира давање бесплатни правни  совети од претставници на Министерството за правда, Адвокатската комора, Комората на извршители, Комората на медијатори  и  Нотарската комора.

- 16.оо часот, иста ваква посета ќе се организира и во  општина Чаир,

 Ваквите  активности ке продолжат и на  26 октомври-вторник во општина Шуто Оризари во 10.оо часот и во општина  Гази Баба во 11.30 часот.

- од 11.00 до 15.00 часот  на 25-10-2010 во Подрачните одделенија на Министерството за правда во  градовите Берово, Битола, Виница, Валандово, Гостивар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кратово, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Велес, Штип и Крива Паланка ќе се организира давање бесплатни правни  совети  на граѓаните од претставници на Министерството за правда, Адвокатската комора, Комората на извршители, Комората на медијатори  и  Нотарската комора.

            Пред Министерството за правда и на улицата ,,Македонија,,  на  поставените штандови  граѓаните ќе можат да добијат  информаци за  активностите на Mинистерството за правда во врска со пристапот на граѓаните до правдата согласно Законот за бесплатна правна помош како и за активностите на Министерството за правда  во рамките на  реформите на правосудниот систем во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk