Република Македонија и Кралството Шведска избрани да извршат евалуација на САД во однос на имплементацијата на Конвенцијата на ОН против корупција  
     
 

03.11.2010

 
 

Секретаријатот на UNODC (Канцеларијата на ОН за дроги и криминал), во рамки на Обединетите нации е орган задолжен за да ги координира активностите  во врска со  евалуација на имплементацијата на Конвенцијата на ОН против корупција.  

Евалуацијата се спроведува врз основа на т.н“Доха Механизам“, утврден на Третата сесија на Конференцијата на држави-страни на Конвенцијата-COSP (одржан на 9-13 ноември, во Доха, Катар), според кој две држави евалуираат трета држава.

При тоа, во периодот од 2011-2015 година ќе се врши евалуација на Главата 3 (Криминализација и спроведување нма законот) и Главата 4 (Меѓународна соработка) а следните 5 годни ќе се врши евалуација на Главата 2 (Превенција) и Главата 4 (Конфискација на приходи од криминал).

Со цел за организација на евалуацијата на Главата 3 и Главата 4, во рамките на лотаријата која ја организираше UNODC со цел за одредување на државите кои ќе се евалуираат во првата година на евалуација, Република Македонија, заедно со кралството Шведска се извлечени како држави кои ќе вршат евалуација на Соединетите Американски Држави.

 За таа цел на 7-ми октомври 2010 година, во Виена, на маргините на UNCAC Review Mechanism Training Workshop, се одржа иницијалниот состанок во рамките на евалуацијата на САД, на кој претставниците на САД се сретнаа со контакт-лицата на експертите на Република Македонија и кралството Шведска. На состанокот присуствуваа и претставници на UNODC кои ќе ја коордиратт евалуацијата.

Според утврдените правила и рокови во рамките на документите усвоени на Третата сесија на COSP во Доха, евалуацијата на секоја држава би требало да трае шест месеци. Според овие правила, евалуацијата на САД, која веќе започна, би требало да заврши во март 2011 година.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk