ДОНЕСЕН ПАКЕТОТ СУДСКИ РЕФОРМСКИ ЗАКОНИ  
     
 

17.11.2010

 
 

Собранието на Република Македонија на денешната седница ги донесе законите:

- Законот за кривичната постапка

- Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите

- Законот за изменување и дополнување на Законот за управните спорови

- Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија

- Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба

Собранието на Република Македонија го  донесе и Законот за изменување и дополнување на Законот за судски буџет со кој се утврди фиксен процент   за финансирање на судството во висина од 0,8 проценти  од БДП што е двојно повеќе од сегашниот судски буџет.  Износот од 0,8 проценти од БДП  ќе се постигне постепено со еднакво зголемување до 2015 година.

Реформата на судството  како еден од главните приоритети на партнерството за пристапување, е на високо место во агендата на Владата на Република Македонија  во реализирањето на стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија.

Во рамките на овие приоритети донесени се 6  темелни закони од областа на судството, во насока на јакнење на самостојноста независноста, ефикасноста на судството, професионализација на судската служба  и реформата на казненото право.

Донесувањето на овие закони се и во функција на реализација на препораките од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија од Ноември 2010 година.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk