Претседателот Црвенковски и министерот Маневски во посета на „Идризово“  
     
 

24.11.2006

 
 

Претседателот на државата, Бранко Црвенковски и министерот за правда, Михајло Маневски денеска го посетија казнено-поправниот дом „Идризово“.

По обиколката, претседателот Црвенковски изјави дека  состојбата во затворите е вистинското огледало за демократијата во една земја.

„Република Македонија треба во рамките на можностите да овозможи што е можно подобри услови за издржување на казната на осудените лица“, рече претседателот Црвенковски и додаде дека постојат меѓународни стандарди кои што Република Македонија треба да ги почитува.

Министерот за правда, Маневски во својата изјава потенцира дека средствата за казнено-поправните установи во буџетот годинава биле намалени за 30 до 35 проценти, наместо да бидат зголемени. Тој рече дека со доаѓањето на функцијата веднаш побарал зголемување на средствата со ребалансот на буџетот за 30 до 40 милиони денари.

„Осудените лица имаат права гарантирани со Уставот и законите и нивниот третман треба да биде во рамките на можностите на државата“, додаде министерот Маневски.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk