Доделени решенија на 147 судски преведувачи  
     
 

18.11.2010

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска додели решенија на постојаните судски преведувачи кои успешно ја поминаа проверката на знаењето на странскиот јазик во шестата сесија.

147 кандидати успешно ја завршија проверката на знаењето на странски јазици рече Маневски, истите се поставени за постојани судски преведувачи во 26 основни суда низ републикава.

Заклучно со оваа шеста сесија испитот го положија 524 судски преведувачи за 18 странски јазици и тоа за албански, англиски, босански, бугарски, германски, грчки, италијански, кинески, полски, португалски, руски, словенечки, српски, турски, француски, хрватски, црногорски и шпански.  Тоа е вистинско драгоцено богатство на претежно млади кандидати кои со успех ги положија испитите за еден или за повеќе странски јазици, истакна Маневски.

На овој начин и Република Македонија ја подобрува состојбата на исполнување на критериумите на Европската Унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како утврдена политика на унијата рече Маневски.

Реформите во судството, на планот на обезбедување на правото на судски преведувач, со извршените измени во законите и подзаконските акти, придонесоа да се добијат соодветно обучени и искусни преведувачи, кои ќе ја извршуваат својата работа на најпрофесионален и одговорен начин истакна Маневски.

Проверката се спроведе со учество на професорите од нашите високо образовни институции рече Маневски , судски преведувачи и други институции, кои искажаа огромна поддршка .

Министерот Маневски им се заблагодари на присутните и им посака успех и совесно и одговорно вршење на функцијата, во согласност со законските прописи.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk