Маневски: Наша грижа е постојано да ги унапредуваме условите за престој и работа на осудените лица  
     
 

19.11.2010

 
 

МИА – Наша грижа е постојано да ги унапредуваме условите за престој и работа на осудените лица и да се извршуваат санкциите во согласност со прописите и правилата на македонското правосудство, изјави министерот за правда Михајло Маневски за време на неговата денешна посета на Затворот во Струмица, каде што во разговор со персоналот беше запознаен со условите и функцијата што ја остварува оваа казнено-поправна установа.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти околу апсењето на Јован Вранишковски на бугарско-српската граница, Маневски одговори дека очекува бугарските власти да и го предадат на Република Македонија расчинетиот владика на МПЦ врз основа на распишаната меѓународна потерница за издржување затворска казна за кривичното дело „затајување“.

- Основниот суд во Битола издаде потерница по Вранишковски, кој е осуден со правосилна пресуда на Основниот суд од Велес на две и пол години казна затвор. Потерницата се однесува на издржувањето казна за сторено кривичното дело „затајување“, посочи тој.

Министерот Маневски денеска присуствуваше и на обуката за Законот за парнична постапка која се одржа во хотелот „Сириус“ кај Струмица.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk