Луксембург : Средба –Маневски - Скурис, претседател на Европскиот суд на правдата  
     
 

23.11.2010

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски во рамки на форумот ЕУ- Западен Балкан” - Министерскиот форум за правда и внатрешни работи  што се одржува   во Брисел, денеска во Луксебург имаше средба со  Претседателот на Европскиот суд на правдата  г. Василис  Скурис.

Средбата беше најавена како прва посета на Mинистер за правда од Република Македонија на Судот.

На средбата  се разговараше за продлабочување на соработката на Министерството за правда на Република Македонија и Академијата за обука на судии и јавни обвинители со Европскиот суд на правдата .

Во таа насока беше разговарано дека се добредојдени  организирани предавања за праксата на судот пред судиите и јавните обвинители  кои би ги одржале експерти  од Судот, како и студиски посети на Судот од претставници на Академијата.

Со цел подобро запознавање со работата и активностите на судот претседателот г.Скурис се заложи, Министерството и Академијата да добијат Збирка на пресуди од Судот кои треба да бидат преведени на македонски јазик.

Претседателот г.Скурис изрази надеж дека и  ќе продолжи соработката со Европскиот суд на правдата  и го покани министерот Маневски повторно да го посети Судот

 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk