Министерот Маневски се сретна со омбудсманот на Република Бугарија  
     
 

04.10.2006

 
 

Министерот за правда, Михајло Маневски денеска оствари средба со народниот правобранител на Република Бугарија, Гино Ганев.

Министерот Маневски рече дека во Република Македонија интензивно се спроведуваат реформите во насока на исполнување на критериумите за членство во НАТО и Европската унија. Тој додаде дека во овој процес особено е важна имплементацијата  на донесените реформски закони во судството. Министерот Маневски посочи дека останува да се донесат Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители, а во тек е изборот на Судскиот совет на Република Македонија.

Омбудсманот на Република Бугарија,  Гино Ганев рече дека секоја промена на системот е болна, но реформите треба да се завршат. Тој додаде дека народниот правобранител нема власт, но затоа има влијание и е гласноговорник на народот. Неговата задача е од големо значење во остварувањето на граѓанските права.

На средбата присуствуваше и народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk