Истанбул,Турција: Средба Маневски – Садула Ергин  
     
 

27.11.2010

 
 

Во рамки на  Конференцијата  на министрите за правда на државите членки на Совет на Европа што се одржува во Истанбул,Турција утринава министерот за правда  Михајло Маневски се сретна со  министерот за правда на Република Турција Садула Ергин.

На средбата беа разменети мислења за тековните реформи во правосудниот систем кои двете земји ги преземаат вклучувајќи ги реформите и на затворскиот систем.

Во разговорот на  двајцата министри  беше ставен акцент на продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете пријателски земји кои го чекорат истиот пат кон Европската Унија.

Република Турција има високо развиен систем на информатичка технологија во правосудството. Во таа смисла  министерот Маневски изрази надеж дека  турски експерти од министерството за правда ќе ја посетат Македонија со цел да го анализираат македонското правосудство кое исто така напреднува во воведувањето на информатичката технологија, да ги утврдат областите во кои може да има подобрувања и да се организира студиски престој на експерти од Македонија во Турција со цел да се согледаат искуствата и областите кои може да користат како позитивни примери.

Министерот Маневски  се заблагодари за големата поддршка која Република Турција на дава на Република Македонија и го покани министерот Ергин да ја посети  Македонија. Од своја страна пак, министерот Ергин подвлече дека  македонската страна треба само да побара и слободно да ги користи турските позитивни искуства.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk