Едно од пет: Започнува кампањата на Советот на Европа за спречување на сексуалната злоупотреба на децата  
     
 

29.11.2010

 
 

Започнува кампањата на Советот на Европа за спречување на сексуалната злоупотреба на децата.

Според податоците едно од 5 деца се жртви на некоја форма на сексуална злоупотреба.

Поради тоа, кампањата се очекува да ги постигне следните цели:

- Децата, нивните родители и заедницата да се здобијат со знаење за превенција и пријавување на сексуалната злоупотреба на децата, со што ќе се подигне свеста за распространетоста на злоупотребата на децата и

- Промоција на потпишување, ратификација и спроведување на Конвенцијата за заштита на децата од сексуална злоупотреба и сексуална експлоатација.

Република Македонија како членка на Советот на Европа ја ратификува Конвенцијата за заштита на децата од сексуална злоупотреба и сексуална експлоатација, со што ја поддржува кампањата како дел од севкупните активности за превенција и борба со сексуалната злоупотреба на деца.

Кампањата ќе биде проследена со промовирање на ТВ Спотот: THE UNDERWEAR RULE

Ова правило е упатство што им помага на родителите да им објаснат на своите деца каде другите не треба да СЕ ОБИДАТ да ги допираат, како да реагираат и каде да бараат помош.

Да ја поддржиме кампањата со тоа што ќе ги научиме децата на ова правило. На тој начин ќе допринесеме за превенција на сексуалната злоупотреба на децата во Република Македонија !

ТВ спотот се наоѓа на следната web страна на Советот на Европа: 

ТВ спот

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk