Црна Гора: Зам.мин.Ибрахими на Регионална министерска Конференција – Јакнење на ефикасноста на правосудството преку унапредување на медијацијата  
     
 

01.12.2010

 
 

Заменик министерот Ибрахим Ибрахими во Будва ,Црна Гора учествува на Регионална министерска Конференција – Јакнење на ефикасноста на правосудството преку унапредување на медијацијата.

Заменикот Ибрахими  во своето обраќање на Конференцијата   ги  запозна присутните  со постигнатиот напредок во реализација на активностите на полето на медијацијата, кои Министерството за правда  ги презема во поглед на усогласувањето на  македонското законодавство со стандардите на Европската унија.

Во таа смисла зам.мин. Ибрахими истакна дека  медијацијата, како еден од алтернативните начини за решавање на споровите,  во Република Македонија  е промовирана со донесувањето на Законот за медијација во 2006 година и Законот  за изменување и дополнување на Законот за медијација во септември 2009 година, кои се во тесна корелација со реформите на судството и стратешките цели на Република Македонија за членство во Европската унија.

Законот рече во обраќањето Ибрахими ги  следи  искуствата за спроведување на медијацијата, која наоѓа широка примена како дел од правниот систем во земјите членки на Европската унија, со што Република Македонија уште еднаш го потврдува зацртаниот пат за влез во европското семејство. По донесувањето на Законот за медијација, (изготвен според европски модел и стандарди на Европската унија),  медијаторите  ја формираа Комората на медијатори на Република Македонија и нејзините органи.

На  граѓаните со примената на медијацијата рече Ибрахими  им  се овозможува постапка за брзо решавање на споровите  до која страните имаат лесен пристап, им се гарантира правично постапување, ефикасност, неутралност, непристрасност и доверливост. Тоа го прави Законот за медијација успешно применлив модел за решавање на одделни спорови и секако олеснување на  судството од натрупување  со предмети.

Во текот на месец септември 2010 година рече Ибрахими стапи во сила Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, кој ќе се применува од септември 2011 година. Истиот претставува продолжение на реформите во парничната постапка, како сегмент од севкупната реформа  на правосудниот систем, со кој се воведуваат правни механизми кои ќе обезбедат надминување на воочените слабости во примената на постојните процесни решенија, а воедно се очекува зголемување на ефикасноста на оваа постапка, што директно ќе влијае на подобрување на степенот на заштита на правата на граѓаните и другите правни субјекти во постапката истакна Ибрахими.

Заради поефикасно препознавањето на предметите погодни за медијација од страна на судот, за упатување странките спорот да го решат по пат на медијација,  изготвен  е Прирачникот за судиите  и јавните обвинители, за препознавање на предмети погодни за медијација нагласи Ибрахими.

На Конференцијата беше усвоена и заедничка Декларација.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk