Реформите треба да продолжат со имплементација на законите  
     
 

25.09.2006

 
 

Министерот за правда, Михајло Маневски денеска ја прими г-ѓа Џилијен Миловановиќ, амбасадор на САД во Република Македонија.

Министерот Маневски рече дека Министерство за правда и Владата на Република Македонија  особено ја ценат помошта која што САД и ја даваат на Република Македонија во спроведувањето на стратешките определби за членство во НАТО и Европската унија.

Амбасадорот на САД во Република Македонија Џилијен Миловановиќ рече дека САД и помагаат на Република Македонија во реализиација на нејзините стратешки определби, бидејќи во земјата наидуваат на одличен прием. Таа додаде дека искрено се надева оти и во наредниот период ќе продолжи доесгашната полодна соработка со Министерство за правда на проектите што ги поддржува Амбасадата на САД, а особено УСАИД и ОБАДАТ.  

Амбасадорот Миловановиќ рече дека законите предвидени со Стратегијата за реформа на правосудниот систем се донесени, со што оваа Влада наследила добра законска подлога, но дека сега доаѓа потешкиот дел, примената на новите законски решенија. Амбасадорот Миловановиќ додаде дека во наредниот период е потребно да се зајакнат активностите во спречувањето на корупцијата и ефикасната борба против трговијата со луѓе, како еден од условите за членсто во НАТО.

Министерот Маневски укажа дека Владата е свесна за задачата која претстои пред неа и дека ќе се залага да продолжи по утврдениот пат на реформа на правосудниот систем, како неопходен услов за приближување кон НАТО и ЕУ структурите. Тој, при тоа, укажа дека определбата е за сушптински, а не само формални реформи. Министерот Маневски рече дека Владата на Република Македонија  е цврста во настојувањето за спроведување ефикасна и бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал, чиј дел несомнено е и трговијата со луѓе. Во таа насока се преземаат низа активности, меѓу кои, како што рече министерот Маневски, е и зајакнувањето на позицијата на Јавниот обвинител, што ќе се постигне со решенијата кои ќе бидат вградени во новиот Закон за јавно обвинителство.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk