Работен состанок за остварување на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија за 2011 - 2013 година  
     
 

15.12.2010

 
 

Во Министерството за правда денеска се одржа работен состанок за остварување на  Националната програма за усвојување на правото на Европската унија за 2011 - 2013 година (НПАА) на која присуствуваа министерот за правда  Михајло Маневски  и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Васко Наумовски.


На состанокот заменик-
премиерот за европски прашања Васко Наумовски, ги информираше присутните дека НПАА е во фазата на меѓуресорска консултација, а со цел за нејзино усогласување, во тек се состаноци со сите ресорни министерства и институции, вклучени во процесот на подготовка и следење на НПАА. 


Министерот за правда
Михајло Маневски, се обрати со краток осврт на досегашните активности поврзани со процесот на европска интеграција, особено потенцирајќи го донесениот пакет закони, во насока на натамошно зајакнување на независноста и зголемување на ефикасноста на судството.


Во наредниот период истакна Маневски, врвен приоритет на Министерството за правда, како и на останатите институции од Судскиот систем, ќе биде имплементацијата на овие закони.

Заменик премиерот  Наумовски истакна дека по однос на предложените закони и подзаконски акти во НПАА, потребно е да се води сметка за нивната поврзаност со правото и политиките на Европската Унија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk