ПРОМОЦИЈА НА НАДВОРЕШНО - ПОЛИТИЧКОТО СПИСАНИЕ „Крстопати“  
     
 

20.12.2010

 
 

Денеска, во Домот на АРМ се промовираше седмото издание на македонското надворешно-политичко списание „Крстопати“, посветено на Македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа,.

Списанието го промовираше министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, а на промоцијата се обрати и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Ален  Бергант. Во најновото издание, објавено под работен наслов „Човечкото достоинство – Советот на Европа & Почетокот на нова ера“ се содржани авторски текстови посветени на активностите на Советот на Европа.

На промоцијата беше поставена и изложбата насловна како “Македонско претседавање 2010 низ окото на камерата - Macedonian Chairmanship 2010 trough the Eye of the Camera “, која беше поставена во Стразбур на 10 ноември на денот на предавањето на претседателството со Комитетот на министри на Советот на Европа на Република Турција.

Промоцијата на списанието „Крстопати“ беше искористена и за промоција на специјалното издание на Билтенот на Министерството за правда посветено на конференциите кои ги организираше Министерството за правда во рамки на Македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа како и на двете публикации кои Министерството за правда ги објави во рамки на двете конференции во негова надлежност и тоа: Збирка на пресуди на Европскиот Суд за Човекови Права и решенија на Врховниот Суд на Република Македонијаи “Ратификувани меѓународни правни инструменти за борба против корупцијата и организираниот криминал.”


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk