Република Австрија ја поддржува Македонија во реформските чекори  
     
 

15.09.2006

 
 

Министерот за правда, Михајло Маневски  денеска го прими амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, Филип Хојос.

На средбата министерот Маневски ја искажа подготвеноста на Министерство за правда за натамошна соработка со надлежните австриски власти во насока на приближување на Република Македонија кон евроатланските структури. Тој при тоа рече дека реформските активности во областа на правосудството се одвиваат со несмалено темпо, бидејќи тоа е еден од условите за остварување на стратешката определба на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Министерот Маневски подетално се задржа на новиот Закон за судови, кој стапува на сила од први јануари следната година, а со кој се предвидува поинаква организација на судовите, како и на активностите што се преземаат за спроведување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, кој стапи на сила од први септември годинава. Министерот Маневски се задржа и на мерките што се преземаат за реформа на пенитенцијарниот систем во земјата.

Амбасадорот Хојос рече дека Република Австрија ќе продолжи со поддршката на напорите на Република Македонија за приближување кон ЕУ стандардите и додаде дека за таа цел се подготвени да дадат конкретна материјална и експертска помош  во областите за кои што ќе биде побарана.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk