Маневски учествува на неформален состанок на Советот за правда и внатрешни работи во Годоло, Република Унгарија  
     
 

21.01.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска  учествува на неформалниот состанок на Советот за правда и внатрешни работи на Европската Унија што се одржува во Годоло, Република Унгарија. Во рамките на состанокот, министерот за правда Маневски се сретна  со министерот за правда на Република  Полска,  Криштоф Квиатковски.

           

           На средбата министерот  Маневски ја истакна кандидатурата на Република Македонија на  Форумот ЕУ Западен Балкан, кој  во рамките на полското претседателство со Европската унија,  треба да се одржи во Република Македонија. Министерот Маневски истакна дека Република Македонија, како држава кандидат за членство во Европската унија, е сосема подготвена да одговори на овој предизвик.

           
            Министерот за правда на Република Полска од своја страна ја истакна поддршката која Република Македонија ја ужива од страна на Република Полска. Министерот за правда на Република Полска истакна дека Форумот ЕУ Западен Балкан несомнено ке биде еден од најзначајните настани во рамките на полското претседателство со Европската унија. Оттука,според полскиот министер за правда одржувањето на овој настан во Република Македонија ке претставува силен индикатор на намерите на Република Македонија во однос на евроинтеграцијата.

            Се предвидува форумот ЕУ Западен Балкан на министрите за правда и внатрешни работи да се одржи во Охрид во првата недела на месец октомври 2011 година. Сите активности за организација на форумот ке се одвиваат во соработка со Полското претседателство со Европската унија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk