Во судовите отворени 33 канцеларии за односи со јавност  
     
 

26.01.2011

 
 

Во насока на транспарентност во работењето на судовите како и информирање на заинтересираните граѓани за движењето на предметите во судовите, со Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите пропишана е обврска за задолжително формирање на канцеларии за односи со јавноста во судовите.

Тргнувајќи од вака пропишаната законска обврска во сите судови се определени простории за канцеларии за односи со јавност, пристапни за граѓаните, видно означени, со поставување на табла, која покрај називот на судот треба да содржи и ознака „Канцеларија за односи со јавноста“.

            Во сите судови  определени се  и одговорни лица за односи со јавноста.

 Согласно одредбите од  Законот за управување со движењето на судските предмети во судовите заинтересираните лица до канцеларијата за односи со јавноста во судот, можат да поднесат барање за добивање примерок од судска одлука објавена на веб страницата на судот и општи правни информации.

 По поднесеното барање  канцеларијата за односи со јавноста во рок од 24 часа од поднесувањето на барањето на заинтересираното лице му доставува фотокопија од бараната одлука објавена на веб страницата на судот.

 По барање на заинтересираното лице, канцеларијата за односи со јавноста во рок од 24 часа од поднесувањето на барањето, судската одлука објавена на Веб страницата на судот без надоместок му ја доставува на лицето по електронски пат на електронската адреса наведена во барањето.

Во функција на транспарентност и отчетност во работата, судовите пресудите ги објавуваат на своите Веб – страни.

На Веб - страните на судовите досега се објавени  52 450 судски пресуди. Објавувањето на судските пресуди е законска обврска на судот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk