Маневски во штипскиот Апелациски суд ја отвори првата Канцеларија за односи со јавност  
     
 

26.01.2011

 
 

Јавноста во работење на судовите е најсилен инструмент за одговорност за вршење на судската функција

>(МИА) -  Министерот за правда Михајло Маневски и претседателот на Апелацискиот суд-Штип, Стојанче Рибарев денеска официјално ја отворија првата Канцеларијата за односи со јавност.

Канцелариите за односи со јавност, нагласи министерот Маневски, мора да функционираат во сите судови, бидејќи јавноста во работење на судовите е најсилниот инструмент во одговорноста при вршењето на судската функција.

   - Симбиличното презентирање на Канцеларијата за односи со јавност во Штип, практично значи и отпочнување со работа на вакви канцеларии во вкупно 33 судови во земјава, а кои се согласно измените на законот за работа на судовите, рече Маневски, додавајќи оти овие Канцеларии за односи со јавноста ќе бидат во функција на граѓаните и бизнис заедницата.

- Граѓаните можат да дојдат во овие канцеларии и да добијат информации за предметот што е во работа на судот, потоа да добијат копија од пресуда, која е јавно објавена или пак да му биде препратена во електронска форма, појаснува Маневски.

Тој истакна дека со отворањето на Канцелариите за односи со јавност се остваруваат правата на граѓаните од аспект на работата на судовите, а од пред една година согласно Законот за работа на судовите на веб страниците се објавени вкупно 53 000 пресуди донесени во судовите во земјава. Маневски вели дека оваа бројка е едно богатство од судкса практика, која им служи и на судиите, но е пред се е во функција на информирање на граѓаните за работата на судовите. Тој констатира дека 2010 година била година на донесување на  значајни закони со кои се вршат реформи судството, а во 2011 година почнува и нивната имплементација. Особено значајно за зголемување на ефикасноста на работата на судиите од Основните, Апелациските судови и Врховниот суд, според него, е Законот за парнична постапка, која точно одредува за колку време треба да се одлучува по еден судски предмет. Примената на Законот за парнична постпка почнува од 1 септември годинава, со што се очекува да се стави крај на долгите судски постапки.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk