Работна средба на министерот Михајло Маневски со директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски  
     
 

02.02.2011

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска одржа работна средба со директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски. На работната средба беа разгледани прашањата кои произлегуваат од Законот за дополнување на Законот за даночната постапка, согласно кој надлежноста за извршување на паричните казни, глобите и трошоците изречени во парничните, прекршочните, кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија преминаа во надлежност на Управата за јавни приходи. На Управата за јавни приходи ќе и бидат предадени околу 90 илјади предмети од Државното правобранителство на Република Македонија. Министерот на средбата го информираше Трајковски за реформските чекори кои ги презема државата со цел да се обезбеди ефикасна и законита наплата на средствата кои се приход на буџетот на Република Македонија На средбата беше истакнато дека во тек се измени на Судскиот деловник со кој ќе се реши и начинот на предавање на одлуките со кои се изречени парични казни, глоби и трошоците изречени во парничните, прекршочните, кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија од страна на судовите за извршување во Управата за јавни приходи. Директорот Трајковски на средбата истакна дека за реализирање на новата надлежност која им е доверена, веќе имаат преземено мерки и планови како да го спроведат извршувањето и ги имаат предвидено ресурсите кои ќе им бидат потребни за остварување на доверената надлежност.
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk