Промовирана третата генерација завршени кандидати за судии и обвинители  
     
 

07.02.2011

 
 

 (МИА) - Во Академијата на судии и јавни обвинители денеска беа врачени уверенија на третата генерација завршени кандидадти за судии и јавни обвинители.

Со новиот Закон на Академија за судии и јавни обивнители, како што потсети министерот за правда Михајло Маневски на доделувањето на уверенијата, од 2013 година за судии и јавни обивнители ќе се избираат само кандидати што ја завршиле Академијата. Периодот до 2013 година ќе биде преоден, ќе се избираат пола кандидати од академијата, а пола од другите правни професии.

- Новиот Закон гради високи критериуми и стандарди за влаез во академијата, познавање на странски јазик, обавезно ангилиски, висок просек на студии, работа со компјутери, психолошки тестови,..., рече Маневски.

Тој информира дека од вкупно 71 кандидат од трите генерации кои ја завршиле почетната обука за судии и јавни обвинители, 42 веќе се избрани, а оти во тек е оглас за избор на уште шест кандидати за јавни обвинители.

- Во стратешкиот план на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители е предвидено избор на кандидатите од третата генерација во наредните месеци, додаде ресорниот министер.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска истакна дека во третата генерација завршиле 17 кандидати од кои еден е избран во Основниот суд во Гостивар.

На свеченоста присуствуваше и евроамбасадорот Ерван Фуере кој посочи дека ова е важен чекор во кариерата на идните судии и јавни обвинители и оти тие ќе покажат колку е важна Академијата за продолжување на реформите во правосудството и сите судски тела.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk